(ВИДЕО) Го немаме него, ама те имаме тебе: Жирито во солзи ја ислуша „Полско цвеќе“!

(ВИДЕО) Го немаме него, ама те имаме тебе: Жирито во солзи ја ислуша „Полско цвеќе“!

Објавена во: Stars // Музика

Уште со првите стихови, Антониа, ги освои сите присутни овој петок во музичкото натпреварување Пинкове ѕвездице. Безвременската „Полско цвеќе“ на Тоше Проески, оваа младата пејачка ја донесе на свој начин, а истата предизвика бура од емоции кај сите присутни.

Солзите не можеа да ги сокријат ни членовите на жирито. Гоца Тржан за време на целиот настап плачеше, а по настапот на Антониа рече: „Тоше во јануари оваа година требаше да наполни 38 години... Ќе беше во најдобрите години и ќе пееше како змеј! Бидејќи го немаме него, те имаме тебе“.

„Вака изгледа достоинствен настап. Толку емоции пренесе на нас, што уште сум парализирана. Се беше достоинствено. Ти си победничка оваа вечер, само напред“ – искоментира Наташа Беквалац.

Во продолжение погледнете го овој преемотивен настап на Антониа.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: