(ВИДЕО) „Још увек сањам да смо заедно“ на Тоше ечеше во Белград: Еве која ѕвездичка ја отпеа оваа балада!
Дека Тоше се уште живее кај секој еден од нас, не потсетуваат и сите музички натпреварувања на Балканот. Овој викенд на сцената на „Пинкове ѕвездице“ уште една натпреварувачка отпеа една од безвременските балади на нашиот ангел.
Станува збор Теодора Марковиќ, а таа се одлучи за „Још увек сањам да смо заедно“, песна која беше објавена по смртта на Тоше. Емоциите на присутните беа очекувани, а како изгледаше и звучеше оваа изведба погледнете во продолжение...