(ВИДЕО) Како изгледаат компирчињата и хамбургерот од Мекдоналдс по 24 години?
Една корисничка на ТикТок го сними свеченото отварање на хамбургерот од Мекдоналдс кој го чувала со години. Од Мекдоналдс и се јавија да ѝ објаснат зошто изгледа така како што изгледа.
Али Шерб на ТикТок објави видео во кое нејзината баба покажува како изгледа хамбургерот кој го чувала 24 години. Во видеото кое досега собра 3,9 милиони прегледи, баба отвара кутија за чевли во кои ги чува хамбургерот и компирчињата од Мекдоналдс од 1996 година. Иако не изгледаат свежо, по нивниот изглед не би можеле да погодите дека се стари 24 години.
Бабата прво ги покажува компирчињата за кои коментира дека изгледаат како од пред еден месец да испаднале од седиште од автомобил. Потоа го прикажа хамбургерот, а истиот ниту на месото ниту на лепчето се нема појавено трага од распаѓање. Ова не е првпат некој да објави видео од храна од Мекдоналдс која е стара неколку години.
@aly.sherb Make this go viral, y’all ##grandparentsoftiktok ##mcdonalds ##fyp ##decadechallenge ##foryou ##happymeal
original sound - aly.sherb
„Нашите бургери, како и сета останата храна, може да се распаднат, но за тоа мора да постојат посебни услови, а најмногу влага“ - искоментира на една од тие видеа, Ана Кристенсен, директорка на одделот за репутација на брендот. „Без доволно влага, без разлика дали во храната или во околината, бактериите нема да се појават и поради тоа граната нема да се распадне. Доколку храната е доволно сува, нема да се распадне. Слично се случува и со дехидрираната храна која ја подготвувате дома. Иако овој хамбургер е сув и дехидриран, ниту во еден случај не е ист како на денот кога е купен“ - додава таа.
Нејзината теорија ја потврди и Доналд В. Шафнер, професор на Универзитетот Рутгерс кој за Фокс Њус објасни дека бургерите во Мекдоналдс се многу добро испечени, што уште во старт ги убиваат бактериите и додава дека тие бургери, доколку се чуваат под вистински услови, едноставно е станат дехидрирани.
Може да ве интересира:Мекдоналдс „хак“ претворен во катастрофален неуспех