(ВИДЕО) Карантинска Олимпијада: Семејството ги рекреираше игрите во својот дом
Можеби оваа година нема да се одржи Олимпијадата, но овој татко реши натпреварот да го донесе во својот дом.
Лекс Валишвили од Риџфилд, Вашингот ги задолжи своите пет деца со различни спортови од Олимпијадата. Тие успеаа да рекреираат велосипедски патеки и трката да ја одржат без да го напуштат домот.
Децата на Лекс ја обожаваат неговата креативност и со нетрпение очекуваат нов спорт секој ден.