Видео кое го воодушеви светот: Детски хирург смислил одлична идеја како да ја намали траумата на малите пациенти пред операција

Видео кое го воодушеви светот: Детски хирург смислил одлична идеја како да ја намали траумата на малите пациенти пред операција

Објавена во: Совети // Семејство


Однесувањето на овој детски хирург ги воодушеви луѓето

Д-р. Леандро Брандао сподели видео на Инстаграм кое стана вирално. Тој покажа што прави за да ги внесе своите мали пациенти во операциона сала без трауматични искуства: сите ги облекува во костими на суперхерои.

Од видеото подолу можеме да го видиме неговиот ентузијазам и прекрасната реакција на лицата на лекарите и медицинските сестри.

Д-р. Леандро Брандао моментално работи во градот Дивинополис во државата Минас Жераис (југоисточен Бразил). Специјализирал за детска хирургија, но од почетокот на кариерата нешто му пречело, моментот кога децата треба да се одделат од прегратките на нивните родители за да ги однесе во операциона сала.

Тогаш му се појавила идеја, да им подари костими за суперхерои на пациенти кои требаше да одат на операција.

„Пребарав на интернет и најдов некој што прави костими по прифатлива цена за да можам да ги купам и да им ги дадам на децата. Многу ми помогна, а им помогна и на пациентите во овој тежок момент“, објаснува докторот.

Насмевка во операционата сала

Пред седација, на децата им се даваат костими од светски познати ликови. За момент смешниот костим го заменува ладното и страшно хируршко одело. Докторот објаснува дека ги повикува децата да се преправаат дека се суперхерои и на тој начин да трчаат или да „летаат“ (носејќи ги хоризонтално преку рамениците) во салата за операција.

„Родителите остануваат надвор, зачудени од начинот на кој детето влегува внатре. Тие не страдаат толку многу и не мислат дека ќе ми дозволат да го земам нивното најскапоцено богатство“, додава докторот.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: