Видео кое ќе ве расплаче: Реакцијата на глуво девојче кое за првпат им го слушна гласот на родителите

Видео кое ќе ве расплаче: Реакцијата на глуво девојче кое за првпат им го слушна гласот на родителите

Објавена во: Совети // Семејство

Ешли Инголд, мајка на 10-месечното девојче Марли реши да го сподели еден од најтрогателните моменти на своето семејство. Имено, кога се родила нејзината ќерка, ѝ бил дијагностицирана глувост на двете уши, а 10 месеци подоцна ѝ бил вграден кохлеарен имплант.

Тогаш за првпат конечно девојчето добило шанса да слушне како всушност звучат нејзините родители, а мајката објави трогателно видео на Инстаграм, каде често објавува сѐ што е поврзано со здравјето на нејзиното девојче.

Реакцијата на Марли кога првпат го слушнала својот татко како ѝ се обраќа, а потоа ги слушнала родителите кои ѝ пеат песничка е преслатка. Имено, девојчето веднаш почнало да се смее.

„Не знам како да го опишам ова чувство со зборови. Бевме среќни и возбудени што ќе нѐ слушне, што конечно ќе добиеме некаква рекација од неа. Бевме воодушевени кога толку многу нѐ расположи, ова без сомеж е еден од најубавите денови во нашите животи“ - изјави пресреќната мајка за „Kidspot“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: