Видео кое ќе ви го разубави денот: Домашниот миленик на претседателот на Ирска го прекина сопственикот среде говор
Видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, за кратко стана вирално...
Претседателот на Ирска Мајкл Д. Хигинс одржа говор по повод смртта на познат актер. Меѓутоа целото внимание го привлече неговото куче кое во еден момент се појави покрај него. Додека Мајк го држеше говорот, неговиот миленик му ја грицкаше раката. Претседателот не остана рамнодушен на ова, па „суптилно“ му возврати на играта.