Видео кое ќе ви го разубави денот: Запознајте ја кокошката која посвоила мачиња

Видео кое ќе ви го разубави денот: Запознајте ја кокошката која посвоила мачиња

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Светот на животните е полн со чуда. И кога ви делува дека нешто е невозможно, животот брзо ве демантира. Таква е и оваа приказна во која една кокошка посвоила мачиња.

За приказната да биде уште поинтересна овие три преслатки мачиња имаат мајка мачка која се грижи за нив. Меѓутоа, кога таа не е тука, тие се кријат под својата втора мајка - кокошката.

Еден фармер од Ирак слушнал мјаукање и тргнал да ги бара мачињата. Кога влегов во шталата, мачињата ги немало никаде. А, потоа ја видел кокошката како лежи во своето гнездо. Кога ги кренал нејзините пердуви, ги здогледал трите мачиња.

Кокошката се грижела за нив како да се пилиња, а тие уживале додека се грееле под нејзините пердуви.

Затоа и не е чудно што најчестите коментари што ги оставаа корисниците се оние во кои се вели дека ова видео им го разубавил денот.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: