Видео кое на луѓето им ги скрши срцата: Ја остави хаската среде пат и си замина
Еден маж од Тексас е уапсен во петокот, неколку дена откако наводно ја напуштил својата хаска во близина на Ел Паса и е обвинет за суровост кон животните.
Шерифот на округот Ел Пасо, Роналд Комј, соопшти дека 68-годишниот Луис Антонио Кампос е задржан во затвор, но и дека очекува уште едно апсење додека истрагата за случајот продолжува, пишува „Fox News“.
На социјалните мрежи се појави и видео кое брзо стана вирално. На видеото се гледа како хаската очајнички се обидува да го стигне автомобилот од кој е исфрлена, но не успева во тоа.
El Paso County Sheriff's animal cruelty investigators are looking into an incident involving a Husky that was left on the side of the road in Horizon City.
— KFOX14 News (@KFOX14) July 21, 2021
More: https://t.co/cJveWz2xPK pic.twitter.com/TA88LqDFRn
За кратко време по објавувањето на видеото пристигнале и позитивните вести. Имено, за помалку од 24 часа од кога видеото стана вирално, на кучето, кое го нарекле Нанук, му е пронајден нов дом.