Видео кое премногу боли: Стефан со песна заминал на лекување, без да знае дека оди на последното патување
Стефан Авакумовиќ (24) кој почина вчера во болница во Турција, каде замина на лекување поради карцином на дебелото црево, ќе биде погребан утре на гробиштата во Остружница, а кога пред една недела тргнал на пат бил испратен со песна. Неговите роднини и пријатели имале само една желба - да се врати и повторно да им пее.
Исто како на видеото кое е објавено на Инстаграм, а на кое е сочуван моментот како ги пее стиховите од песната „Vraćam se majci u Bosnu“ на Халид Бешлиќ.
За жал, момчето, ја изгуби битката со карциномот на дебелото црево. Патувањето до Турција го поднел тешко, примал крв и раните му се отвориле, а требало да му биде направен и преглед со скенер.
За потсетување, ова момче, околу чија судбина се обедини цела Србија, на 18-ти април отпатува за Турција и беше испратен со аплауз и песна од страна на своите пријатели, другари од играорна и најмилите.
„Кога го изнесоа од дома, пееше. И потоа сите запеаја со него во еден глас“ - кажа тогаш една од неговите другарки.
Неговата смрт погоди многумина, а луѓето на социјалните мрежи масовно се простуваат од него со потресни пораки.
фото: Принтскрин / Инстаграм