Видео кое запрепасти милиони жени: Никој никогаш не ги мие четките за коса, но јас ги ставив во топла вода и се згрозив од она што го видов

Видео кое запрепасти милиони жени: Никој никогаш не ги мие четките за коса, но јас ги ставив во топла вода и се згрозив од она што го видов

Објавена во: Мода // Moj стил

Четка за коса користиме секој ден, неколку пати на ден, но ретко ни паѓа на памет добро да ја измиеме. И тоа е голема грешка! Имено, на четките, односно чешлите се акумулира нечистотија која не се гледа со голо око, но и тоа како постои, па затоа е потребно редовно да се чисти.

Во тоа се уверила жена кој снимила видео на кое се гледа процесот на чистење на четките. Имено, четките ги потопила во топла вода со малку шампон, а по еден час – имала што да види! Резултатот ја запрепастил - водата е заматена и со кафеава боја.

„Можеби главната причина зошто вашата коса толку брзо станува мрсна не е поради фоликулите на косата, туку поради вашата валкана четка“, се вели во објавата на девојката.


Видеото стана вирално - прегледано е десетици илјади пати, а реакциите на публиката се чист шок. „Ова е невозможно“, „Не е точно !!! Ова морам да го пробам“, „Се надевам дека четките ќе ми бидат во подобра состојба“, „Ова не го очекував“, се само дел од коментарите.

Доколку и вие сакате да го пробате ова, се што треба да направите е да ги натопите четките во мијалник (или леген) наполнет со топла вода и да додадете малку шампон и да ги оставите да отстојат околу еден час.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: