(ВИДЕО) Кога вашето куче би можело да зборува, би ви го кажало токму ова
Те молам немој да се лутиш на мене кога ќе направам хаос. Не сакав да те разочарам!
Некои луѓе сметаат дека моите бакнежи и лижење се одвратни, но јас те бакнувам затоа што многу те сакам.
Знам дека е глупаво што скокам по тебе, но тоа го правам бидејќи сум пресреќен што те гледам.
Доколку се пикнам во нешто смрдливо, немој да се лутиш на мене, бидејќи мене често твојата смрдеа не ми пречи.
Ти благодарам што ме галиш и ти благодарам за секоја авантура која ја поминавме заедно.
Знам дека постојат лоши и добри денови во твојот живот, но мене скеој ден ми е прекрасен кога сум со тебе.
Твојот живот е долг, а мојот краток и ти си ми се што имам.
Кога ќе дојде време за разделба, немој да ме отфрлиш - биди со мене до крајот. Тогаш твојата љубов ќе ми биде потребна повеќе од било кога.
И немој премногу да тагуваш, бидејќи времето поминато со тебе беше моето најубаво!