(ВИДЕО) Кој е Матео Матоски, младиот актер кој го глуми Боки во ТВ серијата „Зоки Поки“?

(ВИДЕО) Кој е Матео Матоски, младиот актер кој го глуми Боки во ТВ серијата „Зоки Поки“?

Објавена во: Stars // Филм

ТВ-серијата за омилениот лик од детството Зоки Поки пристига во понеделник!

Почнувајќи од 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ, серијата ќе се емитува секој понеделник и четврток, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето, епизодите ќе бидат достапни за гледање и на веб страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Во меѓувреме, се запознаваме со актерот Матео Матоски, односно Боки од дружината на Зоки Поки. Матео е петто одделение во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје, тренира ракомет, слуша рап, игра „Фортнајт“ и обожава да јаде!


Низ серија прашања и одговори, во кратко видео, Матео ја раскажува приказната за тоа како „Зоки Поки“ му станала омилената книга, открива за кого навива, кога бира да се игра надвор, а кога дома, како му се вика симпатијата, каде сака да оди на одмор, што сака да биде кога ќе порасне и уште неколку забавни детали.

Гледајте го видеото тука:


Останатите улоги во серијата ги толкуваат децата-актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Анастасија Аневска (Лидија) и Матеј Зимбаков (Гоки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев (таткото Филип), Даниела Иваноска (мајката Ивана) и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на бабата на Зоки, Оле.

Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницатаZokiPoki.mk.

Може да ве интересира:

(ВИДЕО) Ѕирнете во магичниот свет на „Зоки Поки“: Откријте кој е Зоки и зошто го викаат Поки?

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: