(ВИДЕО) Кој е Матеј Зимбаков, момчето кој го глуми Гоги во ТВ серијата „Зоки Поки“?
Долгоочекуваната ТВ серија „Зоки Поки“ почнува за една недела!
Првата епизода е закажана за наредниот понеделник, 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ. Серијата ќе се емитува секој понеделник и четврток во 20:15 часот, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницатаZokiPoki.mkи наофицијалниот YouTube канал.
Додека го чекаме наредниот понеделник, се запознаваме со Матеј Зимбаков, малиот актер кој го игра Гоки. Матеј е четвртооделенец во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој обожава да игра видео игри, да црта и да пее.
Видеото може да се погледне тука:
Останатите улоги ги толкуваат децата-актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Анастасија Аневска (Лидија) и Матео Матоски (Боки).
Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.
Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницатаZokiPoki.mk.
Може да ве интересира:
(ВИДЕО) Кој е Матеј, детето кое го глуми Зоки Поки?(ВИДЕО) Која е Анастасија, девојчето кое ја глуми Лидија во ТВ серијата „Зоки Поки“?