(ВИДЕО) Мало девојче за прв пат пробува пире од морков, нејзината реакција ќе ви го разубави денот

(ВИДЕО) Мало девојче за прв пат пробува пире од морков, нејзината реакција ќе ви го разубави денот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

За повеќето родители, гледањето на нивните деца како растат и поминуваат низ различни пресвртници е возбудливо. Секој ден е авантура кога бебињата пробуваат нешто ново, особено кога станува збор за храната.

Еден таков момент сподели и мајката Сидни Ајферт. Таа неодамна објави видео на TikTok од нејзината ќерка Ајви како за прв пат дегустира пире од морков, а нејзината реакција стана вирална.

Ајви има речиси пет месеци и очигледно почнала да покажува интерес за тоа што јадат нејзините родители секој ден. Така, мајка ѝ одлучила дека Ајви е подготвена да проба нешто ново.

@sydneyeifert Ivy was indecisive about the carrots  she didn’t love them but didn’t hate them! What purée should she try next? #tryingbabyfood #babyfood #reaction #babyreaction #babypuree #funnybaby #babyeating #babytryingfood #momlife #4montholdbaby #babygirl #babyfirstfood Funny - Gold-Tiger

„Малку се двоуми за пире од морков. Не ѝ се допаѓа, но и не го мрази...“, се пошегува мама во описот на објавата.

Реакцијата на девојчето насмеа многумина, а видеото собра над 465.100 прегледи и повеќе од 13.000 лајкови.


Фото и Видео: ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: