(ВИДЕО) На 5 години ја изненади публиката со својот талент: Елен го запозна со неговиот идол
Кога претходниот пат беше во ТВ емисијата „Елен“, 5 - годишниот тапанар Џастин Вилсон II ја воодушеви публиката кога ја изведе култната „Fly Away“, песна на Лени Кравиц. Овој пат одлучи да ја отсвири „Are You Gonna Go My Way“.
Она што малото момче не го знаеше е дека Кравиц цело време го гледал неговиот настап, кој во еден момент за време на изведбата му пријде на момчето за да го изненади.
Вилсон е еден од најперспективните млади музички таленти во САД, а едно од многуте талентирани деца кои водителката Елен Деџенерес ги повикува како гости во својата емисија.