(ВИДЕО) На Бугарите им одржа лекција по пеење, а сега без зборови ги остави момците од ДНК!

(ВИДЕО) На Бугарите им одржа лекција по пеење, а сега без зборови ги остави момците од ДНК!

Објавена во: Музика, Таленти

Конкуренцијата од 3500 кандидати не беше пречка за 17 - годишната Славица Ангелова да влезе во потесниот круг на бугарскиот „The voice“. Таа беше единствената натпреварувачка од Македонија, а на сцената покажа и докажа како се пее во Македонија.

Иако не стигна до самиот крај, оваа музичка авантура на оваа тинејџерка и донесе многу големо искуство и поголема слобода кога е во прашање музика. Таа неодамна сними кавер од неколку песни од познатото дуо ДНК. Рефрените „Север и југ“, „Срце“, „Што сака нека биде“, „Авион“ и „Горе или доле“ ги склопи во само три минути, секако со помош на нејзиниот брат Христијан, кој ја придружуваше на гитара.

Ова видео на својот профил на Фејсбук го споделија и момците од ДНК, кои не го криеја воодушевувањето и пофалните зборови. Како извучи изведбата на овие млади и талентирани тинејџери слушенете во продолжение.


Објавена во: Музика, Таленти

Можеби ќе ве интересира: