Видео на денот: Дуа Липа пее српска песна
Скандалите околу Дуа Липа никако да стивнат, а со тоа не стивнуваат ниту реакциите на луѓето ширум светот.
Имено минатата недела британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, налути многу луѓе со објавата во која наведува дека „Косово не е Србија“, а потоа отиде чекор подалеку и објави фотографија од карта на Голема Албанија.
Повеќето ја осудија, но многу од нив решија и да се пошегуваат на нејзина сметка,
Погледнете го хит видеото (пародија) кое кружи на социјалните мрежи: