(ВИДЕО) На Лина и е доста од чекање: Преку песна го повика нејзиниот сакан
Лина Пејовска се враќа во нејзиниот комплетен сјај. По едномесечна пауза повторно објави видео на својот Инстаграм профил, со кое ги освојува симпатиите на своите обожаватели.
Овој пат изборот падна на познатата балада на Парни ваљак, „Доџи“. Со емоции му даде посебен шмек на овој евергрин, кој дефитивно уште долги години ќе се слуша.
„Девојко, растураш. Имаш премоќен глас.“, „Ангелски глас“ - беа само дел од коментарите кои следбениците на младата Лина и ги оставија во коментар. Летото е пред самиот крај и најверојатно Лина подготвува некоја добра балада, која сите заедно ќе ја слушаме за време на студените денови.
Дотогаш уживајте во нејзиниот најнов кавер.