(ВИДЕО) На YouTube звучи одлично: Мадона го „испегла“ лошиот настап од Евровизија!
Повеќе од 200 миолиони гледачи со нетрпение во саботата го очекуваа настапот на поп Кралицата на евровизиската сцена во Тел Авив.
Но, Мадона по настапот ги подели медиумите и публиката. Додека најголемите обожаватели ја фалеа, пејачката доби и многу критики упатени на нејзините лоши вокални способности.
Настапи со песните „Like A Prayer“ и„Future“, а на настапот и се придружи и раперот Quavo.
„Катастрофа од изведба, тотално разочарување. Ја фалшираше песната од почеток до крај. Штета, а ја има отпеано сигурно милион пати“ – беше еден од коментарите на социјалните мрежи.
По критиките, таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која го носи црниот превез на око со натписот Х, кој е заштитен знак на новиот студиски албум, дијамантска круна и со рацете на уши порача дека НЕ ГО СЛУША ЗЛОТО.
Вниманието на гледачи го привлече и неколку дена по настапот и тоа со видеото на нејзиниот официјален канал. Настапот звучи поинаку, а според коментарите на медиумите, Мадона го „поправила“ гласот и лошото пеење.