Видео од почетоците старо три децении: Северина на 17 години - би ја препознале ли?

Видео од почетоците старо три децении: Северина на 17 години - би ја препознале ли?

Објавена во: Живот // Живот

Познатата пејачка Северина Којиќ, денес е во центарот на вниманието поради наводната нова љубовна врска.

Зад себе има многу одражани концерти и петнаесеттина албуми, но на почетокот на кариерата таа, како и секоја млада пејачка, се борела за своето место на естрадното небо.

Сигурни сме дека многумина од постарата генерација, а да не зборуваме за помладата не се сеќаваат како изгледала Северина на настапот во еден хотел во Сплит. Тогаш 17 - годишната Северина била пејачка во подем, а промената може да се забележи и во нејзиниот стил.

Уште тогаш симпатичната пејачка со црна густа коса и впечатливи веѓи давала до знаење дека музиката и танцот се нејзина единствена љубов и насока во која сака да започне.

Само една година подоцна, Северина победила на едно натпреварување, а наградата била снимање на албум.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: