(ВИДЕО) #ОстаниДома: Марија Спасовска со песна порача да останеме дома
Младата пејачка Марија Спасовска, која во 2018 година ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија од својот дом испрати важна порака преку песна.
Имено, свирејќи на пијано и пеејќи ја испрати својата порака. Ја отпеа евровизиската „Дома“ со изменет текст и испрати апел до сите да останат дома со цел да се заштитат од коронавирусот.