(ВИДЕО) Оваа девојка ми го скрши срцето: По посетата на Елен, на оваа тинејџерка „падна“ и Пинк!

(ВИДЕО) Оваа девојка ми го скрши срцето: По посетата на Елен, на оваа тинејџерка „падна“ и Пинк!

Објавена во: Музика, Таленти

Поп пејачката Пинк на својот Твитер профил сподели видео од кавер на нејзината песна „Hurts 2B Human“. 

Во видеото тинејџерката Али Шерлок, која е од Ирска, ја пее песната и свири гитара на улица, додека за кратко време се собира толпа од луѓе околу неа.

Пинк на објавата на Твитер напиша „Ох мој Боже. Оваа девојка ми го скрши срцето.“ 

Ова не е прв пат каверите на Шерлок да го привлечат вниманието на познатите ѕвезди. Минатата година, таа се појави во шоуто на Елен, кога имаше само 12 години каде се појавија видеа од нејзините улични изведби.


Таа сака да го запознае познатиот продуцент и артист Pharrell и да работи со Чарли Пут, но по оваа ситуација најпрво може да очекува соработка со Пинк.

Извор: Newshub.

Објавена во: Музика, Таленти

Можеби ќе ве интересира: