(ВИДЕО) Падна на сцена и продолжи да ја пее најтешката песна: Антониа во финалето на „Пинкове ѕвездице“

(ВИДЕО) Падна на сцена и продолжи да ја пее најтешката песна: Антониа во финалето на „Пинкове ѕвездице“

Објавена во: Stars // Музика

Се одржа и првата полуфинална вечер од музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“. Оваа вечер ја затвори нашата претставничка Антониа Гиговска, која го отпеа безвременскиот хит на Лара Фаблан, „Je t'aime“.

Пред првиот рефрен, Антониа се засопна од една од танчерките и падна на сцената, но и беа потребни само неколку секунди за повторно да се врати во реалноста и да продожи да пее. Овој кикс дефинитивно беше плус за неа, бидејќи ја докажа и покажа своја професионалност.

„Кога можеше Бијонсе да падне, можеш и ти. Најважно е што продолжи да ја пееш, најтешката песна. Ти честитам на твојата нова песна, мојата ќерка и јас често ја слушаме. Ти честитам на тебе и Тамара за пласманот на Евровизија, бевте прекрасни, тоа е голем успех за Македонија, јас со целото срце покрај Невена навивав и за вас“ - искоментира Гоца Тржан.


Освен жирито и публиката ја поддржа Антониа и таа продолжи понатаму, поточно си обезбеди влез во финалето. 

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: