(ВИДЕО) По стапките на мама: Ќерката на Хелена Роза во видеоспот!

(ВИДЕО) По стапките на мама: Ќерката на Хелена Роза во видеоспот!

Објавена во: Stars // Музика

Срцекршачот Филип Пешевски, своите обожавателки ги почeсти со ново музичко парче. Станува збор за песната „Без оглед на се“, која е во летен ритам. На истата работеше истакната музичка двојка Лазар и Магдалена Цветковски.

Новиот летен хит на Пешевски беше промовиран заедно со видеозапис, кој е снимен во Саранда, соседна Албанија. Целото внимание од овој видео запис се насочи кон ќерката на некогашната водителка Хелена Роза, Кјара Гоља. Таа во видео записот ја има улогата на девојка на младиот пејач, а со оглед на тоа што Саранда е летна дестинација, овој видео запис не можеше, а да е помине без Кјара да се соблече во бикини и да ги покаже своите облини.

Во продолжение погледнете го новиот видео запис и секако уживајте во новата музика на Филип.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: