(ВИДЕО) Последниот и најтажен спот на Фреди Меркјури е објавен на 5 септември - на неговиот 45 роденден

(ВИДЕО) Последниот и најтажен спот на Фреди Меркјури е објавен на 5 септември - на неговиот 45 роденден

Објавена во: Stars // Музика

На денешен ден, 1946 година е роден еден од најдобрите пејачи на сите времиња, легендарниот Фреди Меркјури, пејачот на групата „Квин“, кој доколку сега би бил жив ќе го прославуваше 73 роденден. Иако живеел само 45 години, зад себе остави многу незаборавни хитови кои и денес се слушаат, како што се „We Are The Champions“, „We Will Rock You“, „Radio Gaga“, „Bohemian Rhapsody“, „Crazy Little Thing Called Love“, „Friends Will be Friends“, „The Show Must Go On“  и многу други.

Како што е познато, Фреди починал на 24 ноември 1991 година од воспаление на белите дробови, предивикано од вирусот ХИВ. И покрај тешката болест, Меркјури не ја запоставил музиката и напорно работел со остатокот од групата на создавањето на нови хитови, се до својата смрт.

Својот последен видеоспот го снимил за песната „These Are The Days Of Our Lives“, емотивната песна на која плачеа многу негови обожаватели. Дреди, кој веќе беше тешко болен и слабо подвижен, даде се од себе за да биде се „под конец“.

Поради неговата здравствена состојба видео записот е снимен во црно - бела техника и тоа без Брајан Меј. Имено, гитаристот на групата „Квин“ во тоа време бил отсутен, поточно бил во САД, па морал сам да ги снима истите сцени, па така кадрите со Меј се подоцна додадени во спотот.

Последните зборови кои Фреди ги изговара во екранизацијата на песната биле: „I still love you“, односно „Уште ве сакам“, кои биле упатени на неговите обожаватели. Спотот е објавен точно на неговиот последен роденден, 5 септември, кога Меркјури наполнил 45 години.

Оваа песна се најде на првото место на топ листите во Велика Британија, Германија и Ирска.

Во продолжение погледнете го целиот последен видеозапис на Фреди.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: