(ВИДЕО) Преку ноќ се појави огромна статуа на поп ѕвезда: Причината ќе ве изненади!
Во петок Ед Ширан настапува во московската арена 'Откритие', па поради ова беше логично да се појави огромна статуа од него, долга скоро 10 метри во московскиот парк Горки.
Статуата е опишана како необична промотивна алатка за претстојниот концерт на пејачот, но и како застрашувачки кошмар за сите. Статуата, во соработка со Yandex Music и Warner Music Russia, го покажува Ширан кој заводливо се потпира на една рака, носи наочари за сонце и е облечен во кошула прекриена со графити и црвени кратки панталони. Дополнително внимание е посветено на деталите, па тетоважите на Ширан се исто така нацртани на неговиот пластичен двојник.
На Твитер еден обожавател ја сподели својата радост за статуата, пишувајќи: „Само во случај за Ед да не се чувствува осамено во Русија, некој ова го направи во најголемиот парк во Москва“.
Интересен факт е тоа што ова не е прв пат Ширан да послужи како инспирација за статуа. Во 2016 години во Ипсвич, во близина на родниот град на пејачот, поставена е статуа од прасе инспирирано од Ед во карирана кошула и со неуредна црвена коса. Ја нарекле „Ed Sheer - Ham“ и статуата доби поддршка од самиот пејач. „Навистина сум возбуден што скулптурата од прасе е направена во моја чест“ - изјави тогаш Ед.