(ВИДЕО) Шминкање со скапа vs. евтина шминка: Дали има разлика?
Дали навистина треба да потрошам еден куп пари на шминка?
Кога на крај ќе го игнорирате пакувањето што доаѓа со брендот, напишано на производите, дали скапата шминка е навистина многу подобра од евтината?
Јутјуберката Магдалена испроба на своето лице - скапа vs. евтина шминка.
Без разлика дали станува збор за облека, патики или маскара, ако е производ на познат луксузен бренд, не им претставува проблем на луѓето да издвојуваат луди суми пари, бидејќи тие пресметуваат дека ако платат повеќе, ќе добијат и повеќе. Логика која е целосно оправдана, но дали е навистина така, особено кога станува збор за шминкањето? Дали вреди да се дадат над 1500 денари за маскара или ќе ја заврши истата работа и онаа од 200 денари?
Не можете да знаете додека не пробате! И за да не мора да се обидувате и да трошите џепарлак, Магдалена го испроба тоа за вас.
Половина од нејзиното лице е шминкано со поевтина шминка, а другата половина со скапа шминка. Како помина тој експеримент и што заклучи таа, погледнете во видеото.