(ВИДЕО) Шоу за паметење на латино ѕвездите: Ќерката на Џеј Ло ѕвезда на 11 години
11 - годишната ќерка на Џенифер Лопез и Марк Ентони, Ем има сѐ што е потребно за да биде ѕвезда, а за тоа сведочи и нејзиниот мнастап на полувремето на Super Bowl.
Но, не смееме да не споменеме дека минатото лето стана вирално видеото во кое наследничката на Џенифер ја пее „If I Ain't Got You“ од Алиша Кис. Набрзо потоа, таа се појави на сцена со Лопез на перформансот за „Limitless“, кој беше изненадување.
За ова искуство Ем зборува во видеото објавено на каналот на Џенифер: „Кога бев мала, бев навистина срамежлива кога пеев пред луѓе. Повеќе не сум“.
Истото ова видео, гордата мајка го сподели на Инстаграм по настапот на Super Bowl, покрај кое напиша: „Толку многу подароци ми донесе оваа роденденска турнеја... и ова е едне од моите омилени... делење на сцената и пеење со мојот мал кокос... моето срце е полно... таа е #неограничена“.
Претходно, таткото на Ем, Марк Ентониа, изјави дека дефинитивно ќе ја поддржи својата ќерка доколку одлучи да оди по нивниот пат. „Музиката беше голем дел од мојот живот додека растев и се надевам дека го прави истото за (Ем), како што го правеше за мене“ - рече тој. „И доколку тоа е она што сака да го прави.... во ред, таа треба да го работи тоа затоа што сака, не затоа што мора. Не за слава, популарност или за лајкови“.
Тој исто така, ја поддржа својата ќерка, откако таа настапи на сцената во Мајами со голема самоувереност. „Ема јас сум многу горд на тебе. Ти си моето срце и јас сум засекогаш твој“ - напиша тој.
Во видеото во погледнете го настапот на кој освен Џенифер Лопез и нејзината ќерка, на се појави и Шакира, која заедно со Лопез важат за едни од најпопуларните латиноамериканки.