ВИДЕО: Што велат децата за образованието? Каков е квалитетот на образованието и што би сакале да се промени?

ВИДЕО: Што велат децата за образованието? Каков е квалитетот на образованието и што би сакале да се промени?

Објавена во: После „Школо“ // PR

Алтернативен детски извештај на Првата детска амбасада Меѓаши

Во рамките на изработката на „Алтернативниот извештај за состојбата со правата на децата во Македонија – од перспектива на децата“ на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, децата меѓу другото, ја истражуваа и темата „Образование“.

Овој извештај е комплетно изработен од страна на деца од 12 до 17 години од повеќе градови низ Македонија, а истиот доаѓа како резултат на наодите од истражувањето за состојбата на правата на децата кое претходеше во периодот јуни-јули 2020 година, а во кое учествуваа повеќе од 1000 деца ширум земјата, но и врз основа на нивното лично искуство и искуството на своите врсници.

„Образованието“ е шестата тема која се обработува во извештајот, а децата мислат дека за жал, образованието сè повеќе создава притисок врз децата и психички проблеми, отколку што ги подготвува за секојдневниот живот. Речиси 54% од испитаните деца само делумно се согласуваат дека тоа што се учи на час е интересно и корисно. Во извештајот децата наведуваат голем број работи кои би сакале да се променат, но најчесто сметаат дека треба да се смени непочитувањето, стресниот пристап на професорите, да има повеќе вонучилишни активности, да се подобри хигиената, да се посвети повеќе грижа на менталното здравје на децата итн. Но, повеќе од 60% од децата сметаат и дека имаат премногу училишни обврски кои им го ограничуваат слободното време.

Во рамки на темата „Образование“, децата работеа и на три по поттеми, односно деца со попреченост, недостаток на ресурси и хигиена, и практично за сите овие, во извештајот децата наведуваат дека образованието се соочува со проблеми.

Кои се правата на децата за оваа значајна тема, со кои проблеми најчесто се соочуваат и кои се нивните препораки за подобрување на состојбите, погледнете во ова кратко, интересно видео.




Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: