(ВИДЕО) Со „Друга ѕвезда“, битолчанката Тамара ќе го започне својот пат кон естрадното небо!
22 годишната Тамара Стојковска од Битола, го означи стартот на својата музичка кариера. Имено, таа ја објави својата прва песна, насловена како „Друга ѕвезда“.
Музиката и аранжманот се на Давор Нечак, текстот е на Јосип Коцев, а видеото е дело на Агон Исмајли и Зубер Красниќи. Тематика е љубовна, а видео записот носи интересна приказна.
Уживајте во новото музичко парче, кое дефинитивно нема да ве остави рамнодушни!