(ВИДЕО) Со само 10 години ги остави без зборови жирито и публиката, а потоа доби златен тастер!
10 годишната Џорџа Борџ од Малта во Британскиот „Јас имам талент“ ги остави сите без зборови. Отпеа своја авторска песна, која носи наслов „10“ и од прва ги освои симпатиите на сите присутни.
Солзите и воодушевувањето на публиката и жирито не можеа да останат незабележани. „Не можам да верувам дека имаш само 10 години. Ти си неверојатна“ – беа дел од коментарите на жирито.
Како награда за одличниот настап младата Џорџа го доби златниот тастер и со тоа заминува директно во настапите во живо.