(ВИДЕО)Татко си ја скратил косата, а ќерката (2) не го препозна: Нејзината урнебесна реакција насмеа 3 милиони луѓе
Еден татко решил да ја смени фризурата, но доживеал непријатност бидејќи неговото дете потоа не го препознало
Мајката, која има 1,6 милиони следбеници на својот профил на TikTok, редовно објавува видеа од нејзиниот семеен живот. Таа неодамна објави видео на кое се гледа реакцијата на нејзината ќерка на новата фризура на нејзиниот татко.
Таа не го препозна
Девојчето има околу две години и никогаш порано не го видела својот татко со пократка коса. Кога ја скратил косата и се вратил дома, таа не го препознала. Во видеото кое досега е прегледано три милиони пати, мајката истакна дека нејзината ќерка почнува да плаче секој пат кога татко ѝ ја земал во раце после шишањето. Тоа може да се види и од видеото кое таа го објави.
Таткото го зема девојчето од прегратките на мајка ѝ, а таа почнува да плаче и сака да се врати во прегратките на мајка си. За момент се чини дека девојчето го препозна гласот на својот татко, но не и него, што уште повеќе ја збуни.
@kaylakosuga It lasted a good 2 hours till she realized thats her daddy poor elijah haha
original sound - Kayla Kosuga
Можеби не ѝ се допаѓа фризурата
Мајката напиша дека на детето му биле потребни два часа да сфати дека тоа е нејзиниот татко. Реакцијата на девојчето насмеа многумина, кои под видеото го коментираа нејзиното однесување. „Нејзиниот плач се чини дека вели „ама не е тој“, „Боже, таа прво вришти“, „Можеби не ѝ се допадна новата фризура на тато“, „Кога ја избричив брадата, детето не ми даваше 5 дена да го земам во раце“, се дел од коментарите.
Фото и Видео: ТикТок