(ВИДЕО) Тие се мали милионери: Преку игра Габи (4) и Алекс (5) заработуваат милиони!

(ВИДЕО) Тие се мали милионери: Преку игра Габи (4) и Алекс (5) заработуваат милиони!

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Габриеле(4) и нејзиниот брат Алекс (5) на нивниот youtube канал „Toys And Little Gaby“ги виделе повеќе од 3.6 милијарди луѓе. Проценуваат дека заработуваат повеќе од милион фунти годинишно.

На малите ѕвезди Гарбриеле и нејзиниот брат Алекс на бројката следбениците која ја имаат на нивниот youtube канал би им подзавидиле многу познати „инфлуенсери“. Имено, каналот на кој братот и сестрата си играат пред камера со најпопуларните играчки во светот имаат повеќе од 10 милиони следнибеници и над 3,6 милијарди прегледи.

Овој канал го започнала нивната мајка Сабина (28) пред 3 години, а денес водењето на истиот и е работа со целосно работно време. Нејзиниот канал е посветен пред се на децата и детската забава, односно играат и решаваат разни детски предизвици, а во фокус се нејзините малечки и тоа додека си играат дома со разни играчки.

Нивно најпопуларно видео е од минатата година, „Bath Song Nursery Rhyme for Kids“ и истото има неверојатни 379 милиони прегледи. Видеото кое ги полуде луѓето, покажува како братот и сестрата се капат, мијат коса и играат во када, додека во позадина се слуша познатата детска песничка.


Бидејќи нивната мајка не сака да открие колку до пари заработил досега овој популарен канал, од фирмата Social Blade, која следи 23 милиони различни youtube канали, велат дека „најверојатно заработува повеќе од милион фунти годинишно“. Но, она што Сабина го откри е тоа дека благодарение на тие пари семејството планира да го прошири својот „скромен приградски стан“.

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: