(ВИДЕО) Трајче повторно нѐ направи горди: Молдавците останаа без зборови, најави учество на познат фестивал!
Младиот пејач Трајче Ѓоргиев бележи нови успеси. Имено, тој настапи на фестивалот на музиката и туризмот „Faces od Friends 2019“, кој се одржува во Кахул, Молдавија.
На овој фестивал учество земаат пејачи од целиот свет, но од Македонија единствен претставник беше нашиот Трајче. Тој ја отпеа „Во твојот свет“ од Александра Јанева, но безвременската „Show must go on“ од групата Квин.
Но, покрај оваа вест, младиот пејач за СтрумицаНет открива дека веќе подготвува две песни, на кои работи со Лазар Цветковски. Новините не запираат тука, имено тој го потврди и своето учество на реноминираниот македонски фестивал „Макфест 2019“.
Додека да бидат објавени новите песни на талентираниот Трајче, уживајте во изведбата на „Во твојот свет', сигурни ме дека и вие ќе бидете воодушевени.
Извор: strumicanet.com