(ВИДЕО) Во меѓувреме во Македонија: Наместо на училиште, младите на журка
Досега секоја година 1 септември означувал старт на уште една учебна година, на уште едно спојување со нашите пријатели од училиште, но старт и на многу авантури.
Вчера, тоа не се случи кај нас, поради одложувањето на учебната година, која се очекува да започне на 1 октомври.
Но, младите не останаа со скрстени раце. Покрај сите препораки за почитување на безбедносните мерки со кои би се спречило ширењето на коронавирусот, одредена група млади луѓе се собраа и се журкаа до раните утрински часови во еден од локалите во Т.Ц. Бисер.
На Женски магазин може да го погледнете мал дел од журката која ги изреволтира сите.