(ВИДЕО) Во ноември очекувајте го продолжението на анимираниот филм „Frozen“!
„Frozen“ е еден од најпопуларните анимирани филмови на Дизни. Тој собра 1,2 милијарди долари во светските благајни откако беше објавен во 2013 година и е еден од најпрофитабилните анимирани филмови на сите времиња, според Box Office Mojo.
Милионите деца кои го погледнаа „Frozen“ се опседнаа со истиот, името Елза ја зголеми својата популарност по објавувањето на филмот, а се појавија и многу играчки инспирирани од овој филм.
Со оглед на големата популарност, во ноември излегува продолжениот за овој анимиран филм „Frozen 2“, а во продолжение погледнете го трејлерот за истиот.