(ВИДЕО) Запознајте ги „Екстраваганза“, тројцата мускетари на кои Пабло Алборан им е инспирација!

(ВИДЕО) Запознајте ги „Екстраваганза“, тројцата мускетари на кои Пабло Алборан им е инспирација!

Објавена во: Stars // Музика

Екстраваганза се релативно млад бенд, составен од три члена. Јовче Воденичаровски (гитара и вокали, магистриран електроинженер), Калевски Крсте (гитара, дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје) и Наум Секуловски (тапани и кахон, студент факултет за арт и дизајн) се момци со различни професии, но иста љубов кон музиката.

Тие веќе имаат издадено три сингла „Само да си тука до мене“, „Казна моја си“ и третиот „Приспивна“, која всушност е препев на безвременската балада на Пабло Алборан, „Квин“.

„За последната преработка бевме инспирирани од прекрасната шпанска балада на Пабло Алборан и за која беше направен нов аранжман на Хари Котларовски и текст на Јовче Воденичаровски“ - велат овие млади момци.


Тие не застунуваат тука, имено секојдневно работат да станат уште подобри, повпечатливи и секако да се изборат со уникатност на македонската музичка сцена.


И.М.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: