Видеото на млада Авганистанка кое го шокираше светот: Никој не се грижи за нас, полека ќе умреме низ историјата

Видеото на млада Авганистанка кое го шокираше светот: Никој не се грижи за нас, полека ќе умреме низ историјата

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Веќе со денови светот го заобиколуваат видеата и фотографиите кои се направени ккао последица од упадот на Талибанците во Авганистан. Она што е всушно најшокантно во целата оваа ситуација е положбата во која би можеле да се најдат жените во тоа подрачје.

Едно од потресните видеа кое последниве денови го заобиколи светот, дефинитивно е она на младата Авганистанка која, низ солзи, зборува колку всушност стравува за својата иднина, откако Талибанците влегоа во Авганистан и ја преземаа контролата над целиот град, пишува Her.

„Не можам да си помогнам да не заплачам. Морам да ги бришам солзите за воопшто да можам да го снимам ова видео. На никој не му е грижа за нас. Полека ќе умреме во историјата“ - кажа младата Авганистанка.


Со оглед на тоа дека за време на поранешното владеење на Талибанците, кога на жените им било забрането да работат, да се образуваат, па дури и да патуваат без придружба на сопруг, татко или брак, многумина стравуваат дека истото може да се случи и сега.

„Имав удобен и навистина убав живот. Работев, се занимавав со спорт и сите свои должности ги завршував. Излегував надвор без никаков страв“ - кажа уште една девојка.

Зармина Какар, активистка за женски права за AP News кажа: „Се чувствувам како птица која гради гнездо за својот живот и толку време и труд вложува во него само за на крајот, беспомошно да гледа како некој го руши“.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: