Видеото од наследниците на Вељко и Шијан е вистински хит: Малиот Жељко покажува колку го сака братучедот Зоки
Тие двајца се многу поврзани и изгледа дека малиот Жељко веќе се поставува како постар братучед кон Зоран...
Семејството Родиќ се најде во центарот на медиумското внимание откако нивните ќерки Бојана и Богдана, се омажија за Мирко Шијан и Вељко Ражнатовиќ и им родија деца - малиот Зоран и Жељко.
Богдана го роди синот Жељко, а за неколку дена на свет би требало да пристигне и вториот наследник, на кој родителите решија да му го дадат името Крстан. Од друга страна нејзината сестра Бојана, на Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска му го роди наследникот Зоран, а потоа и Вукан.
Но, дека внуците сакаат да поминуваат време кај баба и дедо во Тител е јасно, а сега исплива и заедничко видео од Жељко и Зоран. Вељко Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил сподели како изгледа кога во домот на баба Даниела и дедо Богдан ќе се сретнат братучедите.
Тие двајца се многу поврзани и изгледа дека малиот Жељко веќе се поставува како постар братучед кон Зоран.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како дедо Богдан му ја соблекува јакната на малиот Жељко, а потоа како наследникот на Вељко го бакнува својот братучед.
Како изгледало сето тоа, погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм