Вие сте наша гордост: Министерката Царовска на средба со основниците кои доминираа на математичката олимпијада
Министерка Мила Царовска имаше средба со основниците кои се закитија со медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Сојузот на математичари на Македонија го организираше учеството на нашата држава на оваа олимпијада, а на истата претставниците на екипата ја направија горда нашата држава.
Медалите во силната кункурецијата на ученици од десет балкански држави и осум други држави се: Никола Цветаноски и Марија Атанасова - бронзен медал, Дамјан Давков - сребрен медал и Никола Спировски - златен медал.
Од оваа средба министерката сподели фотографии на својот Фејсбук профил, покрај кои напиша:
„Вие сте наша гордост. Медалите се заслужена награда за вашето посветено учење и желбата да се постигнат врвни резултати во математиката. Денес се сретнав со основците коишто освоија златен, сребрен и два бронзени медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Продолжете да не радувате и да бидете наши амбасадори на знаењето во светот.“