ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак ќе биде неосновано љубоморен
Овен
Избегнувајте консумација на благи работи. Викендов однесувајте се во соглaсност со вашиот знак и бидете умерени во се. Само така нема да има проблеми. Со партнерот сте во одлични односи. На слободните ќе им се случи нова врска.
Бик
Ќе ве пратат убавини во сите животни аспекти. Љубовта и уметноста се на прво место, но ни другите сегменти не изостануваат. Лавовите ви нудат нешто повеќе од обично дружење. Имајте ги на ум!
Близнаци
Ве очекува напорен викенд, ќе мора да ја вложите сета расположлива сила. Тешко се одрекувате од започнатото, но препорачливо би било да се откажете доколку сакате да функционирате поедноставно. Веќе од понеделник со голема леснотија ќе ги завршите сите обврски, а и сите проблеми ќе исчезнат.
Рак
Припадник на знакот Риби може да ве спаси од состојбата во која се наоѓате. Размислувањата во врска со иднината ве паничат и ви создаваат страв. Наскоро ќе добиете нова идеја која воедно ќе биде решение на сите ваши проблеми. Не ви е лесно, но сетете се на претходните искуства.
Лав
Добро е да знаете понекогаш и да поразговарате. Викендов вашите зборови злато вредат. Бележите успеси на секое поле. Бидејќи премногу верувате во сопствените физички способности, може да се соочите со здравствени проблеми како резултат на префорсираност.
Девица
Викендов ќе уживате во сите среќни моменти кои ви ги нуди животот. Се чувствувате одлично, полни сте со енергија и љубов. Но, препорачливо би било да бидете умерени во сите аспекти. Најдобро функционирате во друштво на Бик и Вага.
Вага
Според гласот на разумот одлучувате да тргнете во акција. Доколку добро сте размислиле и сте ги анализирале сите варијанти, ќе биде одлично! Само со конкретни акции може да ги докажете сопстевните вредности. Не се живее од празни зборорви. Се соочувате со емотивна нејаснотија.
Скорпија
Немате причина, а имате чувство на ниска вредност кон личности од спротивниот пол. Причината за ваквото однесување е недостиг на самодоверба. Исто така, викендов ќе бидете неосновано љубоморни. Вашиот партнер е многу комплицирана личност, но морате да се изборите со неговите проблеми и она што најмногу ви пречи – неговата тврдоглавост.
Стрелец
Овој викенд желбата за доминација ќе ви биде нагласена, но не му замерувајте на партнерот доколку ви приговара дека го преоптеретувате. Размислете го добро она што ви го кажува и обидете се да се промените. Нема да биде лесно, но верувајте, ќе биде корисно. И очекувано, ќе следат пофалби од околината.
Јарец
Ќе имате интересен викенд. Скорпиите ќе ви помогнат да функционирате подобро, но пак, во нивно друштво се чувствувате омаловажени. Имајте на ум дека ова е само субјективна проценка. Бидете свесни за сопствените квалитети. Изберете една вечер од викендот каде ќе излезете и ќе блеснете на забавата. Ве очекуваат многу понуди од спротивниот пол.
Водолија
Ќе имате потреба од многу активности. Но, добро размислете пред да преземете каква било акција. Отворено барајте помош од својот партнер бидејќи сѐ уште се однесувате и размислувате како мало дете и немате објективни гледишта. Не ги трошете енергијата и времено залудно.
Риби
Вложувате максимален напор, но постигнувате минимални резултати. Сепак, трудот ќе се исплати. Избегнувајте непромислени изјави и насилие бидејќи може да имате сериозни проблеми. Практикувајте прошетки на свеж воздух. Дружете се со Скорпии.