ВИКЕНД ХОРОСКОП: Кавга за еден знак, за друг љубов
Овен
Викендов би можеле да ве вознемират некои спомени од минатото, или средба со личност која не сте ја виделе многу долго. Бидејќи во вас ќе се појават силни чувства, бидете внимателни да не ве обземат и да го заборавите моменталното окружување.
Бик
Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.
Близнаци
Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку волја и желба, а викендов е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.