ВИКЕНД ХОРОСКОП: Лавот да му се посвети на партнерот, Јарецот ќе прави план за љубовниот живот
Овен
Во текот на целата работна недела го имавте оној „грч“ во стомакот. Очекувавте некој настан кој ќе донесе тектонски промени во вашиот живот. Опуштете се, сѐ се случува кога ќе дојде време. Викендот посветете си го на себе.
Бик
Се завршува работната недела и вие ги сумирате впечатоците. Имаше од сѐ по нешто, од успешни деловни состаноци до љубовни понуди. Секако една возбудлива недела. За деновите од викендот очекувајте продолжување на љубовните случувања.
Близнаци
Деновите зад вас ви донесоа стрес кога се во прашање вашите финансии. Мудро размислете дали е паметно да се позајмувате.
Рак
Љубовната ситуација полека се смирува. Оваа недела беше стресна што се одразува на љубовниот живот. За викенд прегрнете го партнерот и уживајте со него.
Лав
Полека ја сумирате неделата која е зад нас и кога ќе ја повлечете линијата ќе бидете задоволни. Опуштете се во љубовта, мислите дека љубовта се подразбира. Не е така. За викенд посветете му се на партнерот.
Девица
Сите обврски ги имате завршено перфектно со прецизност и заложување. Имате чувства на задолство и среќа кои ќе ве преплават овој викенд. Во тој дух ќе ги поминете овие два дена.