ВИКЕНД ХОРОСКОП: На кој ќе му се оствари сонот, кој го очекува изненадување

ВИКЕНД ХОРОСКОП: На кој ќе му се оствари сонот, кој го очекува изненадување

Вага 

Во одреден облик, ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен симпатија, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот самиот да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание. 

 Шкорпија

Ако сте природно лесно приспособливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви се разотиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе. 

Стрелец

Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден за вас нов начин, којшто ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она коешто го имате испуштено. Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и оневозможите за нешто ново, што можеби ќе ве пробуди од внатрешните страдања. 

 Јарец

Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасни сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас. Вашата врска е во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат преку договор и разговор.

 Водолија

Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени. 

Риби

Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Емотивниот партнер е тој кој треба да донесе решение.



Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: