ВИКЕНД ХОРОСКОП: Неколку знаци треба да донесат важни љубовни одлуки

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Неколку знаци треба да донесат важни љубовни одлуки

Овен

 Друштвените активности ќе бидат присутни овој период, ќе бидете спремни да се среќавате со оние кои ви се одсекогаш интересни и со оние кој најубаво си поминувате. Ако имате постојан партнер, ќе пробате да го убедите на нешто што на вас ви е многу битно. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој кој што се занимава со уметност или спорт, а на вас веќе долго време ви се допаѓа.

БИК

Може да се случи понуда за тајна врска. На некој многу му се допаѓате и свесни сте каков впечаток оставате. Некогашната симпатија ќе сака да ви се обноват односите. Можна е романса со некој кој е присутен во јавност или често патува во странство. За оние во брак веќе е време да си ги решите несогласувањата.

БЛИЗНАЦИ 

Многу се интересираат за вас, а вие се обидувате да ги мнинимализирате сопствените емоции, бидејќи се плашите, да не во случај не можете лесно да го решите проблемот со партнерот. Ако сте долго време во врска, не сте сигурни дали е време да планирате заедничка иднина. Некоја Водолија успева да ве шармира. Слободните припадници може да влезат во тајна врска со некоја Девица..

РАК 

Време е да донесете важна одлука. Доколку го избегнувате отворениот разговор или тоа го прави вашиот партнер, ќе морате да расчитите со својата дилема и да се поставите многу позрело него до сега. Вие се наоѓате во пресвртна точка. Ако сте слободни, не се впуштајте лесно во врска со огнени знакови.

ЛАВ

Ако сте родени на почетокот на знакот, може да бидете малку своеглави, особено ако сте во врска со авторитетен партнер. Ќе се обидете да го “купите” партнерот со некаков поклон ама партнерот нема лесно да прејде преку она што кај вас му смета.

ДЕВИЦА 

 Фантазирате за партнер или мислите на некој кој немате прилика да го гледате често.Можна е понуда за да одете на заедничко патување. Малку дискреција не би било лошо, особено ако сте девојка во вој знак, многу го коментираат вашиот приватен живот.


Следна страна

Можеби ќе ве интересира: