ВИКЕНД ХОРОСКОП: Очекувајте љубовни заплети на хоризонтот
Вага
Ќе ви биде тешко да ѝ пријдете на личноста која веќе долго време ве привлекува, бидејќи нема да бидете сигурни како да се поставите и дали вашиот настап ќе биде успешен. Кога конечно ќе се одлучите да го направите тоа, ќе сфатите дека таа личност е заинтересирана за некој друг или неодамна излегла од врска. Потоа ќе се најдете на мета на личноста која е заљубена во вас и која ќе ве прогонува и ќе се обидува да ве увери дека е идеален партнер за вас.
Шкорпија
Делувате напнато во љубовниот однос, не ви се допаѓа психолошкиот притисок кој го чувствувате и ве иритира однесувањето на партнерот. Поради емотивната несигурност ќе имате потреба да го проверувате својот партнер. Проверете ги своите емотивни сомнежи на време и преземете иницијатива. Доколку сте слободни, некој ќе ве шармира со атрактивната појава или необичен стил на додворување.
Стрелец
Ќе бидете весели поради работите кои ви се драги. Ќе следуваат пријатни забави без премногу помпа, како опуштеност во кругот на личностите кои ви се драги. Изгледа дека многу работи се можни. Ќе бидете отворени и ќе имате доверба во оние кои ве сакаат. Задоволството е тука.
Јарец
За среќа, сплетот на новите настани ви носи најубаво задоволство во љубовниот живот или во односот со блиска личност. Полесно е од обично да успеете да привлечете нечие внимание, атмосферата во љубовта и позитивните емоции ви внесуваат нова страст и топли бои во вашето расположение. ВИ годи интересирањето и вниманието кое го добивате од личноста со која се состанувате.
Водолија
Оние кои се наоѓаат на патување би можеле да доживеат љубов од своите соништа. Оние кои не патуваат, ќе разменат убави идеи со другата страна. Ќе ја зајакнете довербата во врската, а оние кои се слободни ќе бидат склони да го бараат само својот идеал. Ништо друго нема да доаѓа предвид.
Риби
Моментално не ни размислувате за љубов, а партнерот го доживувате како пријател. Интересно е тоа што на никој од вас не му пречи тоа. Двајцата ја имате прифатено вашата врска како нешто што се подразбира. Тоа е сепак потенцијално опасна ситуација, бидејќи можете несвесно да се поврзете со некој кој никако не ви одговара како личност и партнер. Би било добро овие денови да поразговарате со партнерот за да дознаете како ја гледате вашата врска во иднина.
фото: unsplash.com