Викенд хороскоп: Патување за Јарецот, состаноци за Шкорпијата, а еве кој ќе ужива

Викенд хороскоп: Патување за Јарецот, состаноци за Шкорпијата, а еве кој ќе ужива

Што предвидуваат ѕвездите за овие два дена

Овен 
Не ви недостасува енергија, ви недостасува организација. И како такви, делувате хаотично и се префрлате од една на друга работа. На овој начин нема да стасате никаде, најдобро е да направите некој нов систем на работа. 

Бик 
Организираност, смиреност и оптимизам. Тоа ви треба викендов. Времето нема да ви стаса за сѐ, но барем направете го најважното. А за тоа што нема да успеете да го завршите побарајте помош. 

Близнаци
Најважни проблеми за вас ќе бидат личните проблеми. Комуницирајте со околните, сослушајте ги и проценете! Имате човек со кого можете да ја споделите вашата вознемиреност и да добиете позитивен одговор. Најважно е да процените кој е човекот.

Рак
Не секогаш работите завршуваат добро ако започнат добро, независно што велат филмовите. Бидете внимателни, и не идеализирајте ниту настани, ниту пак луѓе. Доаѓа период во кој ќе мора да бидете многу внимателни. Околината е разочарана од вашите постапки.

Лав
Најверојатно ќе ја зачудите околината со вашите реакции. Во момент кога очекуваат да сте спокојни, трпеливи и деликатни вие ќе реагирате апсолутно директно па дури и напаѓачки. А тогаш кога би требало да бидете такви, ќе одговорите со насмевка. И така е најдобро.

Девица
Не ги ставајте на срце советите од страна. На професионален план следете ги правилата, а на личен план почитувајте ги желбите на блиските. Ве очекува бурен период, постапувајте промислено. 


Следна страна

Можеби ќе ве интересира: