Викенд хороскоп: Патување за Јарецот, состаноци за Шкорпијата, а еве кој ќе ужива
Вага
Некое неисполнето ветување ќе ве демотивира и тоа на непријатен начин. Не обидувајте се да ја отфрлите одговорноста. Најдобра вистинска реакција ќе биде да си ја признаете грешката со насмевка и да се потрудите да ја поправите.
Шкорпија
Викенд времето ќе ви биде исполнето со состаноци и контакти. Дел од нив се исцрпувачки и бесполезни. Независно од тоа, сепак ќе го задржите доброто расположение. Имате можност за солидна добивка.
Стрелец
Ќе треба да средите некакви семејни или роднински проблеми. Не ви влијаат директно но ќе треба да вложите напори за да спречите посериозни конфликти. На работното место заостанувате со проектите, искористете го викендов и завршете ги.
Јарец
Кратко патување и службена манифестација. Ќе имате недостаток на време, но тоа нема да предизвика речиси никакви емоции, освен можеби блага досада. Но, бидете спокојни-тоа ќе трае кратко.
Водолија
Желбите ви се нејасни, намерите – уште повеќе. Денес сте склони да се движите во тек со работите. На личен план е добро да работите индивидуално, додека за службените прашања е најдобро да се консултирате со вашите колеги.
Риби
Започнете го денот со ситни задачи. Сериозните ќе бараат многу повеќе концентрација и претежно самостојна работа без мешање од страна. Избегнете ги несаканите контакти. Семејството очекува премногу од вас, не се разочарувајте.
Фото: freepik