ВИКЕНД ХОРОСКОП: Само на еден хороскопски знак добрината ќе му се одбие од глава

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Само на еден хороскопски знак добрината ќе му се одбие од глава

Овен 

Можеби ќе ја изненадите околината со повлекување во себе. Некои од вас повеќе време ќе посветат на саканите луѓе. Во слободно време овој викенд може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. 

Бик 

Бидејќи сте дозволиле околината да ве смета за личност која е способна за се, која не знае да каже „не“, тогаш овој викенд ќе треба да ги сносите последиците. Обидете се од време на време да кажете некоја лага или изговор за да се спасите од расправија со саканото лице.

Близнаци 

Овој викенд премногу брзо ќе се одлучите за нешто за што се двоумите. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот, а забавите малку ќе стагнираат. Очекувајте романтичен викенд со саканото лице.

Рак 

Ова е доста динамичен викенд. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Кондицијата ви е одлична, а финансиската состојба без позначајни промени. 

Лав

Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Но, немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши планови.

Девица 

Овој викенд ќе се чувствувате помалку ранливо и заштита ќе побарате во друштвото на саканата личност. Личност со која едноставно можете да седите во потполна тишина без трошка на непријатност ќе ви биде најдобро друштво.

Вага

Ќе бидете доста активни на забавните настани, па кон крајот на викендот ќе почувствувате голема исцрпеност. Можна е средба со некоја љубов од минатото, која ќе ви разбуди некои потиснати чувства.

Скорпија 

Секоја покана ќе ја прифатите со особено задоволство, а имате и многу енергија која ќе сакате да ја потрошите. Сето тоа ќе придонесе за ваша афирмација во средината во која се движите.

Стрелец 

Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате, а дружењето ви носи голема радост. Овој викенд внесува многу светло во вашиот живот. Уживајте во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни.

Јарец 

Добрите вести кои ќе ги слушнете од вашите пријатели во текот на денот, пријатно ќе ве изненадат. Изгледа вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе придонесе за да се поправи неговото расположение.

Водолија

Овој викенд многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на друштвено поле така и во љубовта. Сакате да бидете присутни на сите полиња, но тоа е невозможно, затоа сконцентрирајте се на едно.

Риби 

Овој викенд ќе го поминете во голема напнатост, а тоа значи дека ќе имате одредени проблеми со луѓето. Доколку сте во врска, постои опасност да почувствувате монотонија, па излез ќе побарате во ноќните забави со пријателите.

Можеби ќе ве интересира: